Хрватскиот ракометар Анте Гаџа е решението на Вардар за позицијата централен бек. Македонскиот, регионалниот и европскиот првак договори соработка со играчот кој беше дел од Загреб. Соработката е за една сезона со дополнителна можност клубот да ја активира можноста и за следната сезона. Вардар го потврдува најновото засилување.
Вардар полека го комплетира ростерот предводен за следната сезона под водство на новата управа. Клубот ги договори македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талевски, постигна договори за прдолжување со дел од играчите од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА