Публиката се враќа и на стадионите во Хрватска

На стадионите во Првата фудбалска лига на Хрватска ќе се врати публиката, изјави директорот на Заводот за јавно здравство Крунослав Цапак. Според неговите зборови последните натпревари без публика ќе се одиграат во четврток, а под знак прашање се и натпреварите кои ќе се играат во петок, зависно од тоа дали на фановите ќе им биде дозволено враќање на трибините на 12. или 14. јуни.

„Од 12. или 14. јуни се враќа публиката на спортските настани на отворено. Секако, согласно епидемиолошките препораки кои ќе мора да се почитуваат“, изјави Цапак.

Натпреварите од купот на Хрватска и 27. коло во Првата фудбалска лига по паузата поради пандемијата од коронавирусот беа одиграни без публика. Исто така согласно новите мерки за дозвола на публика на отворени спортски настани, на фановите ќе им биде дозволено да присуствуваат и на хуманитарниот тениски Адриа турнир на Новак Ѓоковиќ кој на 20. и 21. јуни ќе се игра во Задар.

Се вчитува...