Кандрева: Уште малку, зелениот килим, соиграчите, емоции… (ФОТО)

Фудбалериот на Интер на Антонио Кандрева објасни колку му недостасува фудбалот и колку се радува на враќањето на обврските. Фудбалерите на Интер враќањето на фудбалот ќе го имаат со реванш дуелот против Наполи од Копа Италија кој на програмата е на 13. јуни.

„Уште малку, уште само малку. Зелениот килим, соиграчите, емоциите кои може само спортот да ги понуди“, напиша Кандрева на инстаграм. 

Првиот натпревар од полуфиналниот двомеч против Наполи, Интер го загуби на домашен терен со 0-1, додека во втората полуфинална пресметка се среќаваат Јувентус и Милан.

 

Се вчитува...