Наполи сака да го задржи Гатузо на клупата до 2022 година

Италијанскиот калчолигаш Наполи подготвува нов договор за тренерот Џенаро Гатузо. Претседателот Аурелио де Лаурентис му најавил на Гатузо дека сака да има состанок со него пред рестартот на сезоната во Серија А за да ги договорат сите формалности околу продолжувањето на соработката до 2022 година. Тоа значи дека стратегот би останал на „Сан Паоло“ уште една дополнителна сезона од првичниот план.

Како што открива „Газета дело спорт“, Џенаро Гатузо, според новиот договор ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.

Наполи го очекува реванш полуфиналниот натпревар против Интер во Купот на Италија, а по првиот дуел во Милано има минимална предност (0-1).

 

 

Се вчитува...