Изненадување: Хофенхајм го шутна тренерот Шројдер

Раководството на Хофенхајм ја изненади фудбалската јавност во Германија со одлуката да му биде врачен отказ на тренерот Алфред Шројдер. Овој 47-годишен стратег пристигна во Хофенхајм од Ајакс и бележеше солидни резултати и покрај заминувањето на дел од клучните фудбалери. Хофенхајм играше добро и по паузата поради коронавирусот, во последните четири кола имаше две победи и две реми, но по нерешениот исход со Мајнц беше донесена изненадувачка одлука за тренерска смена.

„Договоривме раскин на договорот со холандскиот стратег Алфред Шројбер. Причина се несогласувањата за многу важни аспекти за функционирање на клубот, по што меѓусебната соработка стана невозможна“, изјави спортскиот директор на Хофенхајм, Александер Росен.

Хофенхајм моментно се наоѓа на седмото место на табелата, веднаш зад позициите кои водат во фудбалска Европа. Во следното коло овој тим го очекува дерби дуел со екипата на Лајпциг.

Се вчитува...