Организаторите на атлетскиот митинг во Цирих на 9. јули ќе организираат 90-минутен спектакл со најголемите имиња на светската атлетика, на кој покрај во Цирих уште на шест стадиони во светот ќе се натпреваруваат најдобрите триесет атлетичари во осум дисциплини.
Организаторите на митингот во Цирих наместо финалето на Дијамантската лига ќе приредат егзибициски настан, на кој на седум стадиони и три континенти истовремено ќе настапат екипи на САД, Европа и светот.
На новата делница специјално подготвена за овој настан на 150 метри ќе се натпреваруваат Алисон Феликс, Шони Милер Уибо и Муџинга Камбуџи. Феликс ќе трча во Калифорнија, Уибо на Флорида, а Камбуџи ќе биде во Цирих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА