Бибрас Натхо го одведе Партизан во финале, 200. вечно дерби обоено во „црно-бело“

Партизан ја совлада Црвена Звезда со 1-0 во 200. вечно дерби на српскиот фудбал и обезбеди пласман во финалето на Купот на Србија каде ќе ги одмери силите против Војводина. Во жестока пресметка и на теренот и на трибините, на крајот славеа „црно-белите“.

Моментот на одлука се случи во 58.минута. Садик во соло акција создаде убава шанса за Бибрас Натхо, а Израелецот успеа да го совлада Милан Борјан, голманот на Црвена Звезда.

Се вчитува...