Конор кој? Нурмагомедов закажа пресметка со Гејтџи

Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејтџи според најавите ќе се сретнат во борба за обединување на титулите во лесна категорија во УФЦ 253 на 19. септември. Гејтџи си ја заработи позицијата за борба со апсолутниот првак Хабиб откако изненадувачки го победи Тони Фергусон во борбата за титулата во УФЦ 249.

Конор Мегрегор се надеваше дека ќе се соочи со Американецот, но беше одбиен од УФЦ, а потоа и минатиот викенд објави повлекување од спортот. Сепак, за Ирецот ова не е прво „пензионирање“. Тој се повлече и минатата година, а се врати по неполни 12 месеци.

За пресметката меѓу Нурмагомедов и Гејтџи треба време затоа што, Хабиб штотуку го заврши рамазанскиот пост и ќе му треба време да си ја врати формата. Дополнително и кризата со коронавирусот прави проблеми во организацијатан а мечот, а Русинот има и семејни проблеми бидејќи татко му е сериозно болен. Тој беше заразен со COVID -19, беше во многу лоша здравствена состојба и беше ставен во индуцирана кома.

Се вчитува...