Штип наскоро треба да ја заокружи доизградбата на стадион од висока категорија на УЕФА на кој во иднина ќе може да се играат и меѓународни натпревари.
Како што е познато, сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов веќе стартуваше со комплетна изградба на нови административни и спортски простории на стадионот со дополнителни сместувачки капацитети како и реконструкција на едната трибина.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски пак информираше и за изградба на комплетно нова трибина со што вкупниот капацитет на стадионот би бил околу 7.000 седишта.
„Работиме на обезбедување финансиски средства за изградба нова трибина на Градскиот стадион на местото на сегашната трибина, од страна на реката Брегалница, по што би се почнало со рушење на оваа трибина. Со новата трибина ќе се обезбедат повеќе од 6.600 седишта, а по комплетната реконструкција во Штип ќе може да се играат и меѓународни средби“ – информираше Бочварски.
Брегалница, согласно последните одлуки на УО на ФФМ, и следната сезона ќе мора да се натпреварува во Втората лига – Исток под водство на Кирил Гогов кој претходно најави дека и натаму ќе продолжи со максимално инвестирање во клубот како би се стигнало до зацртанат цел – влез во Првата македонска фудбалска лига. Општина Штип исто така останува акционер во Брегалница со 49% од акциите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА