Познат е службениот распоред за новата сезона во Мото ГП шампионатот. Сезоната ќе стартува на 19. јули со трката за Големата награда на Шпанија на патеката во Херез. Сите трки во новата сезона ќе бидат одржани на европско тло, а дури девет од нив ќе бидат во Шпанија. Следната трка ќе биде недела подоцна исто така во Херез. После тоа најдобрите мотоциклисти патуваат во Чешка каде на патеката во Брно на 6. јули ќе се вози ГН на оваа земја. Трките во Тајланд, Малезија, Тексас и Аргентина се уште не се откажани, а последен рок за нивно вметнување во календарот ќе биде 31. јули.
The countdown is ON!!! ?
Here is the 2020 #MotoGP calendar! ?#MotoGPisBack | ?https://t.co/0dOUuWzhKb
— MotoGP™? (@MotoGP) June 11, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА