Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи се договори за враќање во редовите на Шкендија. Откако, поради семејни причини, го раскина договорот со шведски Хелсингборг и се врати во Тетово, 26-годишниот Бејтулаи се враќа во добра позната средина за следната сезона.
Се очекува наредниве денови само да биде официјализиран договорот меѓу двете страни за повторна соработка.
Од Шкендија, пак си замина и напаѓачот Самир Фазли откако претходно раскин на договорот доби и дефанзивецот Константин Чешмеџиев. Пред заминување од црвено-црните редови се и најдобрите фудбалери Агим и Бесарт Ибраими за кои има понуди од странство, а договорот му заврши и на фудбалерот од средниот ред Арменд Алими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА