Битка за тренерското столче на ПСЖ: Леонардо притиска за Алегри, Ал – Келаифи му верува на Тухел

Пари Сен Жермен ја доби шампионската титула во Франција по прекинот на сезоната, се подготвува за продолжението во Лигата на шампионите, а спортскиот директор Леонардо не верува дека Томас Тухел е вистинското решение за клупата на „светците“ следната сезона. Тој има договор до јуни 2021 година, но Бразилецот смета дека клубот треба да му се заблагодари и на неговото место да го доведе Масимилијано Алегри.

Леонардо, кој во минатото беше спортски директор на Милан, не крие дека има големи симпатии кон работата на Алегри и се обидува да го доведе на „Паркот на принцовите“. Алегри се поврзуваше долго и со заминување во Англија, каде интерес покажуваа Арсенал и Манчестер Јунајтед. Најновата опција е Њукасл, кој го менува сопствеништвото на клубот.

Сепак, првиот човек на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, се уште има доверба во Томас Тухел. Негова голема огромна желба е тимот да го освои трофејот во Лигата на шампионите и се надева дека Томас Тухел ќе успее тоа да го исполни до истекот на неговиот договор.

 

 

Се вчитува...