Деветократниот светски шампион, Валентино Роси има донесено одлука дека ќе продолжи во Мото ГП шампионатот и следната сезона и дека новиот договор со Јамаха ќе биде постигнат до крајот на јуни. Италијанецот на крајот на сезоната ќе остане без своето место во фабричкиот тим на Јамаха, бидејќи на негово место доаѓа Фабио Квартараро.
Јапонската компанија на „докторот“ му ветила фабрички мотор, но место во сателитскиот тим на Јамаха, Петронас, или на крајот на сезоната да стави крај на кариерата и да замине во пензија. Роси неодамна призна дека поради паузата од коронавирусот се чувствува многу поопуштено околу прашањата за иднината.
Доколку Роси прифати да премине во Петронас, совозач ќе му биде Франко Морбидели кој беше прв ученик во Академијата која ја формираше деветократниот светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА