Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно на крајот од сезоната заминува од Милан. 38-годишниот напаѓач нема да го продолжи договорот со „росонерите“ и го напушта клубот.
Но, популарниот Ибра нема да ја заврши кариерата туку ќе се пресели во шведски Хамерби, тим во кој има и сопственички удел и со кого тренираше претходните месеци. Швеѓанецот, сепак, ќе остане докрај фокусиран Милан да обезбеди пласман на европската сцена.
Ибрахимовиќ во Милан пристигна во јануарскиот преоден рок. Одигра вкупно 10 натпревари и има ефект од четири гола и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА