Полуфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан мина и во знакот на бруталниот старт на Анте Ребиќ поради кој хрватскиот репрезентативец доби директен црвен картон.
Ребиќ невнимателно стартуваше над Данило, и вистинска среќа е што дефанзивецот на Јувентус мина без посериозна повреда.
Сепак, се чини Ребиќ мина лесно. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија му додели само еден натпревар забрана за играње, па ќе го пропушти само првиот натпревар од Купот на Италија следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА