Екс репрезентативецот на Македонија се договори за продолжување на соработката со Нигата Албирекс. Јапонија oстанува „ветена земја“ „натурализиран дел“ од репрезентативците на Македонија. Откако Шејн Витингтон најави преселба во „земјата на изгрејсонцето“, уште еден натурализиран Македонец со американско потекло, го реализира истото. Ричард Хендрикс потврди дека ја продолжил соработката со екипата на Нигата Албирекс, онаа каде ја помина минатата сезона.
До моментот на прекинот на првенството во Б1 лигата на Јапонија, поради коронавирусот, силното крило имаше импресивни бројки. Односно просек од 15.7 поени, 10.4 скока и 3.8 асистенции. Хендрикс беше дел од нашиот национален тим во претквалификациите за ЕП 2021 година. Одигра шест натпревари со одлични бројки. Односно просек од 15.3 поени, 10.7 скока и две асистенции по натпревар. Поради семејни проблеми, Хендрикс ги прескокна квалификациските дуели зз Евробаскетот, оние против селекциите на Естонија и Русија кои се одиграа во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА