Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во Македонија, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање. Пливачите ќе можат конечно да се вратат во базените и да продолжат со тренинзи.
На оваа седница е донесен и Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.
Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА