Баерн Минхен ја одбрани шампионската круна во Бундес-лигата, откако синоќа славеше на гости против Вердер со 0-1. Роберт Левандовски беше стрелец на победничкиот гол за баварскиот клуб, а нова „салатара“ подигна францускиот интернационалец Кингсли Коман. Но, за него е тоа вообичаена работа. Човекот е роден за да биде шампион. На 24 години, звучи неверојатно, но тој дури деветпати ја освоил шампионската титула. Првите две сезони, 2013 и 2014 година, уште како тинејџер, во Франција со Пари Сен Жермен.
Потоа Кингсли Коман се пресели во Италија и го облече дресот на Јувентус. Беше дел од доминацијата на „старата дама“ во 2015 и во 2016 година. На половина сезона се пресели во Баерн Минхен, а на „Алијанц арена“ придодаде уште пет титули во низа. Оттаму и неговиот прекар – Кингсли Коман, човекот роден да биде шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА