На трикратниот шпански олимпиец Алехандро Гомес му е дијагностициран тумор на мозокот кој е невозможно да биде оперира, пренесува шпанска Марка. Поранешниот атлетичар на кратко и емотивно го прокоментира сознанието дека е тешко болен.
„Сакам луѓето да ме помнат како добра личност каква што бев“, изјави Гомес.
Тој е сместен во болницата „Алваро Кункуеро“ во Виго. 56-годишникот учествуваше на три Летни олимписки игри во Сеул 1988, Барселона 1992 и Атланта 1996. Во кариерата освои сребрен медал на маратонот во Ротердам во 1997 година каде го постигна и своето најдобро време 2:07:54 часа.
☹️ Al atleta Alejandro Gómez, tres veces olímpico, le han diagnosticado un tumor cerebral inoperable: “Que la gente me recuerde como la buena persona que fui”https://t.co/Ee2bgtbhyc
— MARCA (@marca) June 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА