Британскиот „Дејли стар“ ни ја носи интересната животна приказна на Мелиса Буланаги. Мелиса настапуваше за репрезентациите на САД и Филипини во уметничко лизгање, се додека не одлучи да го промени името во Џед Каи и да премине во порно индустријата. Неодамна таа почна да снима филмови за возрасни.
„Бев во тимот на САД пет години, израснав на лизгалки. Моите родители се традиционални Азијати кои сакаа да спортувам уште од мали години. Бев многу успешна од својата четиринаесетта година до колеџ. Тогаш преминав во тимот на Филипините и со нив се натпреварував две години. Го освоив националното првенство и требаше да следуваат квалификации за ЗОИ. Но, место мене федерацијата ја испрати јуниорската шампионка. Тоа беше голем удар за мене. Почнав да пијам и да гледам документарци за заработување на пари преку порно индустрија. Пробав самата и заработив 200 долари. Решив дека тоа е за мене“, изјави Буланаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА