Грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос го назначи Јоргос Воворас за нов шеф на стручниот штаб. Воворас беше дел од тимот од Атина како асистент во периодот од 2012 до 2014, како и од 2016 па се досега кога е назначен за главен тренер.
„Голема чест и одговорност за мене е да бидам тренер на клуб како што е Панатинаикос. Јас бев член на оваа голема фамилија неколку години и поради тоа знам колкава е тежината и одговорноста која што ќе ја имам. Ветувам дека заедно со моите помошници ќе работиме напорно да ги оправдаме очекувањата кои што ми беа дадени од раководството на клубот“, изјави Воворас.
Воворас потпиша едногодишен договор со Панатинаикос. Младиот тренер досега освен улогата како асистент во неколку клубови единствениот работен ангажман како главен тренер го имаше во сезоната 2015/2016 кога беше на чело на кипарската АПОЕЛ Никозија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА