Шпанскиот крилен напаѓач го напушта Челси по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Италија. Тој постигна договор со калчолигашот Рома и доаѓа како слободен играч без отштета на „Олимпико“.
Педро треба да потпише двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. 33-годишниот фудбалер најави дека нема да остане на „Стемфорд бриџ“ по истекот на договорот на 30 јуни.
Шпанецот дојде во Челси во 2015 година и за пет сезони одигра 201 натпревар, постигнувајќи 43 гола. Успеа да освои трофеи во Премиер – лигата, ФА Купот на Англија и Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА