Искусниот македонски стратег Шефки Арифовски ќе биде дел од стручниот штаб на ФК Беласица.
Арифовски кој е повратник во ФК Беласица, зад себе има богата фудбалска кариера како тренер.
Претходно во својата кариера беше тренер и на Хоризонт Турново, Слога Југомагнат, Кожуф, Академија Пандев во македонскиот фудбал, како и српскиот прволигаш ФК Борча. Беше и селектор на младинската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА