Трајковски: Знам дека навивачите на Мајорка очекуваат многу повеќе од мене

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не успева да се наметне кај Висенте Морено за стандардно место во првиот тим на шпанска Мајорка оваа сезона.

По доаѓањето на Пиринеите, Трајковски воопшто не бил стартер на натпревар а досега има само 11 настап во сите натпреварувања во дресот на Мајорка. Конечно доби шанса на мечот против Вилјареал, па со оглед на максимално згуснатиот распоред до крајот на сезоната сигурно очекува далеку повеќе можност да ги покаже своите квалитети.

„Немав многу можности сезонава да го докажам својот квалитет. Знам дека навивачите очекуваат повеќе од мене, но јас се уште не сум добил шанса да играм и од почеток на некој натпревар. Сепак, останувам максимално концентриран во интерес на клубот и секако очекувам шанса која секогаш во фудбалот треба да се сочека. Верувам дека до крајот на сезоната, и со натпреварите на секои три дена ќе се отвори можност за повеќе минутажа. Посакувам да ги потврдам своите квалитет, верувам во себе и знам дека може да покажам зошто бев доведен во Мајорка“ – вели Трајковски во изјава за шпанските медиуми.

Се вчитува...