Вујин: Ракометната енергија која ја има Скопје беше клучот за мојот потпис со Вардар

Србинот Марко Вујин е најновото засилување за екипата на Вардар. „Црвено-црните“. Тој вчера вечер постигна договор и се обврза на едногодишна соработка со актуелниот европски шампион. По потписот Вујин вели дека главната причина за неговиот трансфер во Вардар е неверојатната енергија која ја има Скопје како град.

„Вардар е голем клуб и актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Во клубот ме привлече новата приказна на чело со Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чувствува во Скопје и тоа многу ме потсеќа на големите ракометни градови во кои играв како Кил и Веспрем. Исто така ме привлече и озбилната екипа која ја има клубот. Имам слушнатосе најдобро за условите за игра, луѓето и градот. Би сакал заедно да имаме успеси достојни за името на клубот“, вели Вујин за балкан-хендбол. 

Вујин во Вардар доаѓа од редовите на Спортинг Лисабон, а во кариерата настапуваше и за европските гиганти Кил и Веспрем.

Се вчитува...