Лирој Сане донесе одлука – Го напушта Манчестер Сити и преминува во Баерн Минхен

Лирој Сане официјално го известил Манчестер Сити дека сака да го напушти клубот летово. Крилниот напаѓач одби неколку понуди за продолжување на соработката со клубот од „Етихад“ како би ја продолжил кариерата во германскиот шампион Баерн Минхен.

„Лирој не извести дека не сака да го продолжи договорот. Тоа значи дека тој ќе замине и тоа ќе се случи летово или на крајот на договорот. Доколку се договориме со Баерн Минхен тој ќе го напушти клубот уште летово“, изјави Гвардиола. 

24-годишникот веќе подолго време е желба на баварскиот гигант, а се очекува на „Алијанц арената“ да стигне како замена за Филипе Кутињо кој не се снајде најдобро по позајмицата од Барселона.

Се вчитува...