Балканските медиуми пренесуваат нови детали околу инцидентот меѓу српските и хрватските навивачи во Вуковар. Имено, огранокот на „БББ“ од овој град влегол во конфликт со навивачите на Црвена Звезда „Делије“, а не навивачите на Партизан „Гробари“ како што прво беше објавено во медиумите. Прво излезе информација дека инцидентот е меѓу „БББ“ и „Гробари“, бидејќи еден навивач на Партизан им се придружил на „Делије“, а откако бил уапсен од полицијата, поради него во официјалното соопштение стои дека се пресметале навивачките групи на овие два клуба.
Полицијата во Вуковарско-сремската жупанија соопшти дека приведени се шеснаесет лица поради предизвикување на инцидентот кој се случи вчера вечер, а најмалку шест лица завршиле со повреди.
Enfrentamientos entre Bad Blue Boys y Grobari en Vukovar, Croacia. Imágenes de esta tarde. @101ULTRAS pic.twitter.com/smdnGBjAt4
— Troublemakers España (@TroublemakersEs) June 18, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА