Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја прославија првата победа во завршниот турнир од АЦБ-лигата откако попладнево триумфираа на дуелот со Билбао со резултат 86-79. Стануваше збор за пресметка меѓу два тима кои претрпеа порази во првото коло, а Хувентуд со овој триумф останува во игра за висок пласман во својата група.
Билбао водеше во поголемиот дел од мечот, но Хувентуд успеа да се врати во последната четвртина, па во неизвесен финиш Морган со поени од табла го однесе мечот во продолженија. Токму Морган со пет поени на стартот од продолжението му донесе „плус пет“ на Хувентус, предност што тимот на Димитријевиќ умешно ја чуваше. Билбао шансата ја пропушти кога Ламерс промаши две слободни фрлања, на 40 секунди до крајот при резултат 80-79 за Хувентуд, по што тимот од Бадалона успеа да ја осигура победата благодарение на Лопез Аростеги.
Македонскиот плејмејкер мина на теренот 30 минути, период во кој реализираше 11 поени и седум асистенции. Најефикасни во тимот на Хувентуд беа Препелич со 21 и Лопез Аростеги со 13 поени.
Во следното коло в недела Хувентуд го очекува пресметка со тимот на Уникаха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА