Амари Стадемаер повторно го прекрши карантинот. Израелците се подготвуваат за продолжување на сезоната, а кошаркарите се под посебни правила кои се добиени од страна на Националната кошаркарска федерација.
Тие се наоѓаат во карантин од кој смеат да излезат само за да одат на тренинзи, а поранешната НБА ѕвезда и член на Макаби Тел Авив, Амари Стaдемаер уште на самиот старт најави дека нема ништо да почитува. Тој веќе еднаш беше казнет со 8.700 долари поради тоа што бил забележан во трговски центар, а веќе повторно го направил истото поради што ќе мора истата сума на пари да ја уплати на сметката на Кошаркарската федерација на Израел.
Доколку се случи уште еднаш да го прекрши карантинот и да не ги почитува правилата, следната казна ќе биде 14-дневна изолација со забрана за тренинзи и натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА