Арсенал уште повеќе си ги намали шансите за приклучок кон врвот на премиерлигашката табела откако „топчиите“ загубија со 2-1 на гостувањето против Брајтон.
Артета и неговите избраници имаат за што да жалат со оглед на шансите што ги создадоа, а уште поголем проблем за шпанскиот стратег претставува тешката повреда што во првото полувреме ја заработи голманот Лено, за кого оваа сезона е веќе завршена.
„Топчиите“ први поведоа со прекрасниот погодок на Пепе, но и тоа не беше доволно за да се стигне до цел плен. Следеше израмнувачки погодок на Данк на 15 минути до крајот, а при резултат 1-1 Обамејанг не искористи две убави шанси за погодок. И кога сите очекуваа крај, Мопеј одлично се снајде во шеснаесетникот на Мартинез и го совлада гостинскиот голман, за втора победа на Брајтон над Арсенал сезонава по онаа од 1-2 на дуелот во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

