Директорот на ПСЖ, Леонардо од една страна најавува дека летово ќе изостанат трансфери од над 100 милиони евра, но истовремено француските медиуми најавуваат дека „светците“ подготвуваат офанзива за ангажман на уште еден фудбалер од светска класа. На францускиот првак му е јасно дека тешко ќе го задржи Нејмар да не се врати во Барселона, а Леонардо и тренерот Тухел како идеален наследник на Бразилецот го „пикирале“ Садио Мане.
Сенегалецот игра во извонредна форма во дресот на Ливерпул, претходно беше поврзуван и со Реал Мадрид, а дури и доколку реши да си замине од „Енфилд“ јасно е дека заинтересираните клубови тешко ќе можат да се договорат со „црвените“ околу висината на отштетата. Најдобар доказ за тоа е реакцијата на Јирген Клоп по интересот на ПСЖ за Мане, откако стратегот на Ливерпул го побарал Килијан Мбапе во директна размена за својот ас.
Јасно е, „светците“ не сакаат ниту да чујат за разделба од францускиот голгетер, но самиот став на Клоп е јасен знак колку во Ливерпул го ценат Мане и колку ќе биде тешко за сенегалскиот голгетер да добие зелено светло за преселба на „Паркот на Принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА