Гол за паметење на Гуедеш, Валенсија лесно ја реши Осасуна

Валенсија ја прекина „црната серија“ од три кола без победа во Ла Лига откако „лилјаците“ вечерва рутински триумфираа на домашен терен против Осасуна со 2-0.

Родриго го отвори резултатот по неполни три минути игра, но мечот ќе остане запаметен по вториот гол на Валенсија, дело на Гуедеш. Брзоногиот Португалец прими топка на средината од теренот, потоа во стилот на Лео Меси се ослободи од неколку противници, беше турнат на земја, но стана и на крајот го матираше гостинскиот голман.

Валенсија со денешната победа сега има 46 бода, само два помалку од петтопласираниот Хетафе.

Се вчитува...