Милан убедлив против Лече

Милан оствари убедлива победа на гости против Лече совладувајќи го со 1-4. Тимот на Стефано Пиоли покажа доминација, а поведе со голот на Саму Кастилјехо во 26.минута. Лече израмни од пенал со голот на Манкосу во 54.минута, но гостите одговорија многу брзо со нови голови. Бонавентура веќе следната минута повторно донесе предност за Милан, а Ребиќ зголеми на 1-3 во 57.минута. Рафаел Леао во 72.минута постигна и чеврти погодок за „росонерите“.

Фиорентина ремизираше на домашен терен против Бреша играјќи 1-1. Гостите поведоа од пенал со голот на Алфредо Донарума, а изедначувањето го донесе Пецела.

Се вчитува...