Наполи ја продолжи успешната серија настапи по паузата поради коронавирусот, па тимот на Елиф Елмас по освоениот пехар во Купот на Италија вечерва славеше и на премиерниот меч од Серија А, на гостински терен против Верона со 0-2.
Аркадиуш Милик беше херојот на „наполитанците“ постигнувајќи го единствениот погодок уште во првото полувреме. Домаќините постигнаа израмнувачки гол во вториот дел, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на еден фудбалер на Верона. Конечните 0-2 пред самиот крај на мечот ги постави Мексиканецот Лозано, кој одлично се снајде на вториот дирек по еден корнер и со глава од непосредна близина ја запечати победата на Наполи. Елиф Елмас се најде на клупата за резерви, но не влезе во игра иако Гатузо направи пет замени на овој натпревар.
Во вториот денешен натпревар Калјари како гостин го совлада СПАЛ со 0-1 со голот што во самиот финиш го постигна Џовани Симеоне.
Milik Goal vs Hellas Verona #Napoli pic.twitter.com/0prOmf9fLS
— GoalsFest (@GoalsScored20) June 23, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА