HalkEco Хронометарот на 10КМ која се одржа во саботата малку го размрда замрениот спортски живот во Македонија. Поради коронавирусот нема натпревари во домашните пренства ниту пак спортски настани, затоа оваа трка добро дојде за размрдување на работите на овој план. Хронометар трката која се одржа во услови на пандемијата Ковид 19 со почитување на сите мерки и според специјални протоколи за заштита. Бројот на учесници беше ограничен, а секој учесник стартуваше со временска разлика од 30 секунди помеѓу секој старт. Носењето на заштитна маска за лице беше задолжително, пред и после трката.
На 20 јуни 2020 Скопје беше добар пример како треба и може да се организира трка во услови на Ковид 19, со почитување на сите мерки на претпазливост и сите препораки од Комисијата за заразни болести. Погледнете го ова промотивно видео од трката HalkEco Hronometar 10KM каде сите учесници покажаа високо ниво на одговорност. Организатор на настанот беше тимот кој стои позади Виз Ер Скопски Маратон, Sojuz na sportovi na Skopje и AK Rabotnicki.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА