Тренерот на Жалгирис Каунас, Шарунас Јасикевичиус е прв фаворит за наследник на Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенербахче. Преговорите меѓу турскиот клуб и литванскиот стратег течат во добра насока, а единствен проблем во нив е тоа што Јасикевичиус го чека крајот на шпанското првенство и ситуацијата во Барселона.
Наводно тој чека да ја види состојбата во каталонскиот гигант и дали има можност да го преземе клубот, доколку Светислав Пешиќ потрфрли до крајот на сезоната. Јасикевичиус во кошаркарската кариера беше дел од двата тима, а како тренер успеа Жалгирис да го врати на победничките патеки и во 2018 година со литванската гордост да игра и на фајнал-фор турнирот во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА