Талески пееше „Металург е шампион“ и си направи проблем со „Комити“

Филип Талески уште пред да го облече дресот на Вардар влезе во конфликт со најверните навивачи на „црвено-црните“, откако на социјалните мрежи се појави видео од него како ја пее песната „Металург е шампион“, која важи за „химна“ на тимот од Автокоманда.

Левиот бек се наоѓаше на заедничка средба со поранешните соиграчи од Металург, Томовски, Кузмановски и Пешевски, а старите спомени придонесоа да се слушне и оваа песна.

Талески и Кузмановски беа најеуфорични, но проблемот за Тале е што тој летово потпиша за лутиот ривал на „металурзите“, скопски Вардар. Според првите реакции, нема да биде лесно „Комити“ да му простат на македонскиот репрезентативец за ова „неверство“.

“Дали вредеше да му дадеме шанса за да си ја спаси кариерата (снимено денес, играч на Вардар ја пее химната на ривалскиот клуб)?“, пишуваат најверните навивачи на „црвено-црните“ крај објавата на видеото.

Се вчитува...