Неверојатно – Гвардиола само третпат во кариерата го загуби лигашкиот трофеј

Ливерпул по пауза од 30 години е шампион на Англија, откако вчера Манчестер Сити во дербито на 31. коло во Премиер-лигата беше поразен од Челси со 2-1.

Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола само третпат во кариерата која трае од 2008 година не успеа да се радува во домашниот шампионат во тековната сезона. Покрај, оваа година во која го надмудри Јирген Клоп, претходно од него поуспешни беа само Жозе Мурињо со Реал Мадрид во 2012 година и Антоно Конте со Челси во 2017 година.

 

Се вчитува...