Симеон Христов е второто засилување за Тиквеш за новата сезона во која тимот од Кавадарци ќе се обиде да се врати во елитата. Симе Христов во Тиквеш доаѓа од редовите на албанската Влазнија за која настапуваше минатата сезона. Христов има големо искуство во домашниот шампионат каде ги бранеше боите на Борец, Македонија ЃП, Еуромилк, Тетекс, Брегалница, Пелистер и Вардар.
„Второто засилување за следната сезона е крилниот напаѓач Симе Христов, кој доаѓа од екипата на Влазнија (Албанија) играч со големо прволигашко и интернационално искуство. Добродојде Симе во Тиквеш“, соопштија од Тиквеш.
Покрај Симе Христов, Тиквеш во овој преоден рок во своите редови го доведе и голманот Столе Димовски кој дојде од редовите на Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА