Гути повеќе не е тренер на Алмерија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хозе Марија Гутјерез познат како Гути веќе не е тренер на Алмерија. Гути ја презема Алмерија во ноември минатата година, а на чело на клубот имаше учинок од девет победи, пер нерешни и осум порази. Алмерија во моментов е третопласирана во Сегунда, место кое води во плеј-офот за влез во Ла лига, но очигледно од клубот не се задоволни од овој пласман.

Шпанските медиуми велат дека главна причина за отказот на Гути е поразот од Алкоркон во последното коло, клуб кој е далеку од борба за враќање во елитата. Алмерија во моментов е на третата позиција со пет бода негатива зад второпласираната Сарагоса.

Се вчитува...