Видеото на Филип Талески што беше објавено синоќа ја разбранува ракометната јавност откако голем број навивачи на Вардар го критикуваат левиот бек за пеењето на навивачката химна на Металург.
Денеска пак се појави ново видео од истата прослава, во која Талески заедно со екс-соиграчите од Металург, Пешевски, Кузмановски и Томовски, ја пее песната „Ој Вардаре македонски“.
На забавата ракометарите видно опуштени добро се забавувале, а треба да се истакне дека станува збор за снимки (и денешната, како и онаа вчерашната) од ланската година, кога Талески се уште настапуваше во Бундес-лигата, без никаква најава за преселба во Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

