Јуве конечно заигра шампионски и лесно го доби Лече (ВИДЕО)

Актуелниот италијански шампион Јувентус стигна до нова победа во Серија А, откако во премиерниот натпревар од 28. коло рутински го совлада Лече со 4-0. Во првото полувреме избраниците на Маурицио Сари се натпреваруваа кој повеќе ќе промаши, а моментот кој ги одбележа првите 45. минути беше црвениот картон на Лучиони во 32. минута. Во вториот дел Јувентус конечно ги материјализираше шансите. Прво Дибала во 53. минута донесе водство од 1-0, а само осум минути подоцна Кристијано Роналдо од пенал зголеми на 2-0. Гонзало Игуаин со својот прв погодок по паузата зголеми на 3-0 во 84. минута, додека конечните 4-0 ги постави Матајс де Лихт во 86. минута.

Со оваа победа „старата дама“ се зацврсти на чело на првенствената табела со 69 бода, односно седум повеќе од второпласираниот Лацио кој има натпревар помалку. Лече од друга страна до крајот на шампионатот го очекува тешка борба за опстанок. Избраниците на Ливерани во моментов се наоѓаат на 18. позиција со 25 бода, исто колку што има и 17. Џенова.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...