Сетиен: Што ќе се случи со мене ако ставам четири младинци во првиот тим и загубам!?

Кике Сетиен смета дека младите фудбалери во Барселона не се користат доволно, а кога се користат тоа се прави на погрешен начин.

Тренерот на Барселона се пожали дека тој тука не може ништо да направи затоа што нема време да им дава минутажа на младите фудбалери. Мора секогаш да игра со најсилниот достапен состав бидејќи бодовите се максимално неопходни.

„Планирањето минутажа за младите фудбалери не би смеело да биде нешто за кое ќе размислувам само јас. Тоа би требало да биде стратегија на целиот клуб во пресрет на сезоната. Ако имате екипа со пет фудбалери кои се најдобри на свет на својата позиција, тогаш е навистина тешко да им дадете шанса на помладите“ – вели Сетиен и дополнува:

„Ние сакаме да освоиме се, но исто така сакаме нашите 17-годишни фудбалери да растат и се развиваат. Сите зборуваат дека сакаат само победи. Замислете да ставам четири момчиња во првиот тим и да загубиме… Веднаш би добил отказ“.

Се вчитува...