Барселона може да биде среќна што не загуби во Виго (ВИДЕО)

Барселона освои само бод на тешкото гостување кај Селта откако одигра реми 2-2. Со ова му отвори шанса на Реал Мадрид утре во дуелот со Еспањол да го заземе врвот на табелата. Жилавата Селта израмни преку Иаго Аспас во финишот од средбата откако претходно Барса двапати водеше.

Луис Суарез и Лео Меси беа клучни фигури кај Барселона. Суарез постигна водечкиот гол во 20. минута по асистенција на аргентинскиот ас. На стартот од второто полувреме, Селта дојде до израмнување преку Фјодор Смолов кој го погоди голот на Тер Штеген во 50. минута.

Во периодот кога Селта сериозно и парираше на Барселона повторно се активраше тандемот Меси-Суарез. Аргентинецот повторно асистираше, а Суарез во 67. минута го постигна и вториот гол на средбата. За Меси ова беше 17. асистенција сезонава со што е апсолутен лидер во лигата во оваа категорија. Суарез го постигна 12-ти сезонски гол.

Потоа следуваше погодокот на Аспас во 88 минута, по што Барселона не успеа повторно да се врати со гол за победа. Дури Нолито промаши од невозможна позиција за триумф  во судиското продолжение.

Во следното коло Селта оди кај Мајорка, додека Барселона во вторник има тежок меч со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...