Новиот македонски фудбалски прволигаш Пелистер го доведе четвртото засилување за новата сезона и камбекот во елитата. Под „Тумбе кафе“ пристигна црногорскиот интернационалец Иван Пејаковиќ. Се работи за 27-годишен крилен фудбалер кој најчесто делува по левата страна.
Пејаковиќ потпиша договор на една сезона со Пелистер, а доаѓа од српскиот клуб Нови Пазар. Тој во кариерата има настапувано и за Ловќен, Рудар Плевља, Ком, Будуќност и за ОФК Петровац.
Претходно, Пелистер ги ангажираше Танушев, Илиески и Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА