Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ го напушта Јувентус и се сели во Барселона. Само неколку часа откако беше реализиран трансферот на Артур Мело од „Камп Ноу“ во Торино, Пјаниќ замина во спротивна насока потпишувајќи четиригодишен договор. Оваа размена на двата клуба одекна сензационално во европската фудбалска јавност, но и експресно е реализирана.
Пјаниќ ги мина медицинските прегледи во Торино и се согласи на трансфер во редовите на Барселона. Тој од 2016 година го носеше дресот на Јувентус, одигра 116 натпревари и постигна 15 гола. Босанецот ќе остане до крајот на сезоната во Торино вклучувајќи ги и настапите во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА