Мерцедес со болид посветен на различностите во новата Ф1 сезона

Формула 1 екипата на Мерцедес го претстави новиот дизајн на болидот за претстојната сезона, кој за цел ќе има да ја зголеми свеста во борбата против расизмот. „Сребрената стрела“ во новата сезона ќе го нема препознатливиот изглед во кој доминираше сребрената боја, туку на болидот примарна ќе биде црната боја.

Сезонава тимот одлучи да се посвети во борбата против расизмот и дискриминацијата во било која форма. Новата сезона во Формула 1 стартува викендов со Големата награда на Австрија.

 

Се вчитува...