Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да конечен прекин на сите натпреварувања во нејзина организација за кои уште немаше вакво решение, најсилната женска лига без прогласување шампион, идентично како и кај мажите како и сите натпреварувања во младинските конкуренции.
Управниот одбор на КФСМ реши и во првата лига-мажи по завршувањето на слендата сезона да испаднат четири екипи, а да влезат двете најдобри од второлигашката конкурнеција. Со ова бројката на екипите кои ќе се натпревруваат во најсилниот ранг повторно ќе се врати на 10.
Соопштение од КФСМ:
Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се доигра.
- за натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се прогласи шампион.
Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Втора лига мажи да не се доигра.
- најдобро пласираните екипи од Исток и Запад, согласно моменталната ранг листа од Втора лига мажи од сезона 2019/20 да остварат влез во Прва лига мажи за сезона 2020/21.
Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги мажи (М18, М16, М15, М14, М13, М12) да не се доиграат. За сите младински лиги од машка конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги жени (М18, М16, М14,) да не се доиграат. За сите младински лиги од женска конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
Според моменталната состојба во табелите на М18 и М16 младинските лиги мажи, пред почеток на сезоната 2020/21, да се играат квалификациски натпревари за влез во првите лиги и тоа помеѓу последните 2 екипи од прва лига со првите 2 екипи од втора лига.
Според сегашниот пласман во М14 младинската лига, првите 4 пласирани од Исток и Запад формираат лига од 8 екипи кои ќе ја сочинуваат Првата лига. Истата во следната сезона 2020/21 ќе биде финансирана од страна на КФСМ.
Предлог систем за натпреварувачка сезона 2021/22 во Прва лига мажи. Последните рангирани 4 екипи од Прва лига од сезона 2020/21 директно да испаѓаат во Втора лига, а прворангираните 2 екипи од Втора лига директно да влегуваат во прва лига.
Предлог за намалување на котизацијата на 5 рати за сезона 2019/20 од Прва лига мажи, поради предвремен прекин на лигата.
Појаснување: повеќе уплатените средства ќе се компензираат со стари долгови, казни или котизации за следна сезона. Предлогот беше усвоен со гласање 10-ЗА.
Предлог систем за сезона 2021/22 и формирање Трета лига мажи.
Според рангирањето од Втора лига мажи од сезона 2020/21 првите 12 остануваат во Втора лига. Од останатите како и од ново пријавените клубови ќе се формира Трета лига. Во Третата лига да има ограничување на возраст до 20 години со најмногу 3 играчи над 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА