Од Лил во Наполи за 70 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го засили нападот со голгетерската сензација од Франција, Виктор Осимен. Напаѓачот на Лил е цел на најголемите европски клубови ова лето, а „наполитанците“ се подготвени да платат 70 милиони евра за да го доведат на „Сан Паоло“. Тој денеска пристигна на завршни преговори во Неапол, а се очекува до крајот на денов да биде постигнат и целосен договор за петгодишна соработка, по што Осимен ќе му биде соиграч на нашиот Елиф Елмас во наредната натпреварувачка сезона.

21-годишниот фудбалер од Лагос постигна 13 гола во дресот на Лил во прекинатата сезона во францускиот шампионат и е избран за најдобар африкански фудбалер во Ле шампионат. За него се интересираат и Манчестер Сити, Арсенал, Атлетико Мадрид и Рома.

Наполи има план да го продаде Калиду Кулибали ова лето, ќе се раздели и со Аркадиуш Милик, а парите ќе ги вложи токму во тадемот на Лил. Покрај Виктор Осимен, раководството на Наполи преговара и со бразилскиот дефанзивец Габриел кој е проценет на 30 милиони евра.

Се вчитува...