Фудбалерот на Ливерпул Жоел Матип ја заврши сезоната поради повреда на стапалото. Матип се повреди на дербито против Евертон на „Гудисон“ на 21. јуни, поради што го пропушти и мечот против Кристал Палас кој „црвените“ го добија со 4-0.
„Сезоната за мене е завршена. Што се однесува до следната се надевам дека тренерот уште од почеток ќе може да смета на мене“, изјави Матип.
Жоел Матип во Ливерпул стигна во 2016 од Шалке 04, а со тимот од „Енфилд“ минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а годинава стигна до трофејот во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА